Достапни линкови

Во Ирска референдум за укинување на Сенатот


Ирците денеска на референдум се изјаснуваат дали да биде укинат Горниот дом на парламентот со цел намалување на државните трошоци. Се гласа за владиниот уставен амандман со кој се предвидува затворање на Сенатот во кој има 60 сенатори. Критичарите на амандмантот велат дека владата го предложила тоа не со намера да штеди, туку да ја централизира власта. Сенатот нема некои посебни овластувања, а неговото затворање ќе значи годишна заштеда од 20 милиони евра.
XS
SM
MD
LG