Достапни линкови

Новата програма на СДСМ со 150 нови мерки и решенија


Раководството на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски.
Раководството на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски.

Од СДСМ велат дека програмата е фокусирана претежно на економијата, но содржи и ставови на партијата за меѓуетничките односи, проблемот за името, здравството образованието, културата и други области.

Со посебен план за промоција кој ќе трае два месеца, Социјалдемократскиот сојуз од идната седница го започнува презентирањето на новата партиска програма.
Стожерната партија на коалицијата, СДСМ, го има главниот товар, ние практично на таа програма на Социјалдемократскиот сојуз даваме извесен печат или боја на коалициони партнери со некои свои приоритети.
Тито Петковски, НСДП.

Извори од оваа партија информираат дека програмата претставува надградба на веќе постоечката, во која, како што велат, постојат многу мерки и решенија кои се уште не ја виделе светлината на денот. Во новата програма ќе има 150 нови мерки и решенија кои ќе бидат дефинирани после бројните јавни дебати кои оваа партија планира да ги спроведе до 10 декември, кога ќе биде презентиран финалниот документ. Од СДСМ велат дека програмата е фокусирана претежно на економијата, но содржи и ставови на партијата за меѓуетничките односи,
Митинг на здружената опозиција, обединета во Сојуз за иднината на Македонија. СДСМ. Скопје, Македонија, октомври 2012.
Митинг на здружената опозиција, обединета во Сојуз за иднината на Македонија. СДСМ. Скопје, Македонија, октомври 2012.
проблемот за името, здравството образованието, културата и други области.

Од Новасоцијалдемократска партија велат дека соработката меѓу партнерите во опозицискиот блок е одлична и се одвива без проблеми. Редовно се консултираме за сите тековни прашања и на заеднички средби ги усогласуваме ставовите, вели
Ако СДСМ сериозно им пристапи на изборите и ако сериозно има намера да ја преземе власта, тогаш на програмата ќе поработи сериозно и секако ќе треба таа програма да биде и разбирлива за сите гласачи.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.
лидерот на НСДП Тито Петковски, кој додава дека иако секоја од партиите во коалицијата има сопствена програма, на следните избори би настапиле со заедничка програма на коалицијата.

„Стожерната партија на коалицијата, СДСМ, го има главниот товар, ние практично на таа програма на Социјалдемократскиот сојуз даваме извесен печат или боја на коалициони партнери со некои свои приоритети“, изјави Петковски.

Партиската програма е предодредница на начинот на однесување на политичките партии во предизборието и помеѓу два изборни циклуси, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. После седум години опозиционерство, на СДСМ му треба нешто ново и поразлично од програмата на владејачката партија, со цел да биде погласен и повпечатлив во јавноста.

„Ако СДСМ сериозно им пристапи на изборите и ако сериозно има намера да ја преземе власта, тогаш на програмата ќе поработи сериозно и секако ќе треба таа програма да биде и разбирлива за сите гласачи.“

Муслиу додава дека програмата мора да биде разбирлива, сеопфатна и одржлива. Но, исто така важно е и колку од таа програма ќе биде реализирано, кога партијата ќе дојде на власт.

„Владејачката партија секако ќе се труди да ја опонира или да и најде мани, така да тие ќе треба таа програма да ја на направат да има некоја логика, да е одржлива и да можат да ја одбранат во целиот тој предизборен процес.“

Од најголемата опозициска партија велат дека партијата и досега имала квалитетна програма, но дека и недостасувало соодветното претставување. Се надеваат дека новиот начин на промоција на програмата ќе придонесе за нејзино заживување и ќе допре до сите граѓани.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG