Достапни линкови

Дачиќ: можен прекин на преговорите со Приштина


Премиерот на Србија Ивица Дачиќ

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека е подготвен да ги прекине преговорите во Брисел доколку Приштина остане на ставот да му забрани доаѓање на Косово. Тоа, според него, би било понижување. „Нема да дозволиме да не уценува Приштина. Вучиќ и јас ги ризикувавме нашпите кариери, па и животи бидејќи тука ни се закануваа екстремисти. Бевме уверени дека договорот е за доброто на Србија. Ако не можам да одам на Косово, тогаш сето тоа ја губи смислата“, изјави Дачиќ во интервју за „Наше новине“. Тој додаде дека било евидентно оти Приштина се плаи од спроведувањето на Бриселскиот договор околу изборите.
XS
SM
MD
LG