Достапни линкови

САД и светот пред тешки економски последици


Американското министерство за финансии предупреди на можноста од катастрофални економски последици доколку конгресмените не се согласат да го зголемат лимитот на задолжувањето на владата. Во спротивно, како што се наведува администрацијата не ќе може да продолжи да функционира. Конгресот до средината на овој месец треба да го покачи сегашниот буџетски дефицит. Министерството прецизира дека тоа ќе има тешки ефекти и врз берзите, отворањето нови работни места, потрошувачката и економскиот раст. Исто така се предвидува пад на вредноста на доларот што би имало последици и за светската економија. Од делумното затворање на владата пред три дена досега американските берзи белeжат постојан пад.
XS
SM
MD
LG