Достапни линкови

Турција ја продолжи можноста да испраќа војници во Сирија


Турскиот парламент го продолжи за една година мандатот за овластување на распоредувањето турски војници во Сирија, доколку тоа биде потребно. Предлогот беше изнесен од страна на владејачката партија која има големо мнозинство во парламентот, турската влада вели дека наводната употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим е непосредна и сериозна закана за Турција која ја дели 900 километарска граница со Сирија. Противниците на одлуката велат дека таа ќе ја вовлече Турција во војна. Сегашниот мандат истекува денеска.
XS
SM
MD
LG