Достапни линкови

Струшкиот совет половина година без претседател


Совет на општина Струга.

Совет на општина Струга.

Советот на Општина Струга по шест месеци без прв човек, повторно ќе се обиде да избере претседател со што во целост би се деблокирала неговата работа.

Струшкиот совет по шест месеци без прв човек, повторно ќе се обиде да избере претседател со што во целост би се деблокирала работата на овој највисок општински орган. Првичниот предлог на градоначалникот на Струга пред речиси половина година, Абдула Ќазимоски да раководи со Советот на општината не го доби потребното мнозинство, а против гласаа и советниците Македонци под образложение дека во интерес на соживотот претседател треба да биде Македонец.
Верувам дека ќе смогнат сили сите кои се избрани од народот да гласаат за претседавач на советот, бидејќи е многу важен фактор за развојот на градот.

Зиадин Села, градоначалник на Струга.

Зиадин Села, градоначалник на Струга.

Сега двете македонски партии се ставаат во позиција да гласаат за, ако се има предвид податокот дека нивни членови пред повеќе од еден месец се вработени во локалната самоуправа во Струга, а од позиција на Сојуз за Струга добија директорски места во некои од училиштата во Струга и заменички директорски позиции во Јавните претпријатија Проаква и Комуналец коментираат добро упатените.
Со ова го ставаме под знак прашање легалитетот, уставниот и законскиот на одлуките кои досега ги донесовме во советот. Мислам дека претерано се игра по однос на ова прашање. Ако овој предлог помине и со помош на СДСМ, мислам дека тоа ќе биде на штета единствено на СДСМ.

Градоначалникот Зиадин Села рече дека стружани очекуваат од советниците конечно градот да почне да функционира онака како што треба без некои големи политички игри.

„Верувам дека ќе смогнат сили сите кои се избрани од народот да гласаат за претседавач на советот, бидејќи е многу важен фактор за развојот на градот“, рече Села.

РСЕ: Очекувате ли поддршка од македонскиот блок партии, има ли најава од таму дека ќе гласаат за?

„Јас не би сакал да коментирам, но очекувам поддршка од сите советници и верувам дека ќе има поддршка од сите советници.“

РСЕ: Како функционираше советот овие 6 месеци без официјален претседавач?

„Добро функционираше, сите одлуки кои требаше да поминат, беа поинати од страна на советот“, рече Села.

Села не сакаше да коментира што понатаму доколку повторно струшкиот совет не избере претседавач. Рече дека најмалку што сака е да се меша во неговата работа. Двајцата советниците од партијата НДП на Руфи Османи сè уште не знаат како ќе гласаат. Ќе чекаат на одлука на нивниот претседател Османи, иако тие претходниот пат го поддржаа предлогот на ДПА. Советникот Ардијан Демири вели дека поради одредени игри струшкиот совет станал најконтроверзниот во државата.

„Со ова го ставаме под знак прашање легалитетот, уставниот и законскиот на одлуките кои досега ги донесовме во советот. Мислам дека претерано се игра по однос на ова прашање. Ако овој предлог помине и со помош на СДСМ, мислам дека тоа ќе биде на штета единствено на СДСМ“, рече Демири.

И од македонските партии без официјален став. Новиот претседател на СДСМ во Струга Даме Ложанкоски рече дека се ќе биде јасно непосредно пред самата седница.

„Моментално немаме став“, рече тој.

РСЕ: Вие задоволни ли сте што како вработувања го добивте од градоначалникот?

„Тоа не е репер моментално за оваа политичка работа. Ќе видиме и ќе направиме анализи. Сите опции се во игра, се е отворено“, рече Ложанкоски.
XS
SM
MD
LG