Достапни линкови

Завршните зборови за „Ликвидација“ в понеделник


Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски на 25 јули 2013.

Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски на 25 јули 2013.

Заврши доказната постапка во судскиот случај Ликвидација. Судот за в понеделник ги закажа завршните зборови на одбраната и обвинителството. Осумтемина обвинети во Ликвидација, меѓу кои и новинарот Томислав Кежаровски, се веќе 5 месеци во притвор.

Лажеш! Со овој збор на рочиштето во судскиот случај Ликвидација му се обрати вториот судија на сведокот на одбраната. Причина за тоа беше одговорот на сведокот дека не знаел дали еден од обвинетите е роднински поврзан со обвинетите од Ореше и дека никогаш не ги слушнал обвинетите да зборуваат пред него за случајот Ореше.
Со сослушувањето на двајца сведоци и еден балистичар денеска заврши доказната постапка, па завршните зборови на одбраната и обвинителството се закажани за в понеделник, а пресудата за осумте обвинети се очекува до крајот на неделата.

Според законот, за лажно давање изјава пред суд се одговора кривично, но останува нејасно дали ваквиот став на судијата ќе влезе во записникот и дали ќе биде покрената дополнителна постапка.

Со сослушувањето на двајца сведоци и еден балистичар денеска заврши доказната постапка, па завршните зборови на одбраната и обвинителството се закажани за в понеделник, а пресудата за осумте обвинети се очекува до крајот на неделата.
На последното рочиште судот ги одби трите барања на одбраната за дополнителни докази и вештачења. Одбраната на трето обвинетиот истражниот судија Валентин Зафиров побара дефинирање кога точно е сменет статусот на наводно загрозениот сведок. Судот го одби тоа барање со објаснување дека тоа е ирелевантно затоа што службено лице според закон не смее да открива податоци за каков било сведок или соработник на правдата.

На обвинителна клупа се седнати судии, обвинители, адвокати и новинарот Томислав Кежаровски. Тие се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластувања, неовластено одавање информации и податоци за сведоците, противзаконско посредување и недозволено држење и тргување со оружје.

Дел од рочиштето денеска се водеше зад затворени врати за јавноста, без при тоа да бидат објаснети причините.

На последното рочиште судот ги одби трите барања на одбраната за дополнителни докази и вештачења. Одбраната на трето обвинетиот истражниот судија Валентин Зафиров побара дефинирање кога точно е сменет статусот на наводно загрозениот сведок. Судот го одби тоа барање со објаснување дека тоа е ирелевантно затоа што службено лице според закон не смее да открива податоци за каков било сведок или соработник на правдата. Исто така судот го одби и барањето на адвокатот Александар Тортевски да се изврши вештачење за отпечатоци на пронајденото оружје во домот на обвинетиот Ивица Ефремов.

Тортевски пред судот вети дека ако се пронајде само еден отпечаток од обвинетиот, подоцна ќе се откажат од правото на жалба. Одлуката судот ја образложи со сведочењето на вештото лице, кое изјави дека пиштолот е веќе допиран од службени лица и дека самиот тој при вештачењето ракувал со него. Тој објасни дека во постапката не било побарано да земе отпечатоци на пиштолот, туку само да ја утврди марката. Вештото лице пред судот кажа дека не може да каже колку се стари пиштолите, односно може да каже само дека се постари.

Новинарот Кежаровски е четврто обвинет во овој процес за два текста објавени пред пет години го открил идентитетот на наводно заштитениот сведок „Бреза“, во случајот за убиството од 2005-та година во велешкото село Ореше. Но, тој во текот на судскиот процес опстоја на тврдењето од истрагата, дека не обелоденил ничиј идентитет, дека само ја пренел информацијата за лажен сведок до јавноста и дека се обидел да проговори за, како што рече во првото рочиште, „матните работи во полицијата“.

На минатото рочиште еден од адвокатите на одбраната Јован Јоанидис изјави дека со процесот Ликвидација му се суди на суди на правосудството, а не на обвинетите, а новинарот Томислав Кежаровски е „колатерална штета“.

Судскиот процес Ликвидација го привлече вниманието на јавноста, но и на меѓународните организации. На рочиштето присуствуваат претставници на ОБСЕ и Хелсиншкиот комитет. Минатата недела обвинетите во „Ликвидација“ добија продолжување на притворот за нови триесет дена. Ова е петто по ред продолжување на притворот за обвинетите, меѓу кои е и новинарот Кежаровски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG