Достапни линкови

logo-print

Почнува кампањата за локалните избори на Косово


Политичките партии, граѓанските иницијативи и независните кандидати денеска официјално ја почнуваат предизборната кампања за локалните избори во Косово, кои треба да се одржат на 3 ноември.
За градоначалници на општините кандидирани се 224 лица, а за општински советници има 7.740 кандидати.
На изборите ќе учествуваат 103 политички субјекти, од кои 50 се од албанската заедница, 31 од српската, три од турската, девет од бошњачката, три од црногорската, еден од горанската заедница, двајца од ашкалиската, двајца од ромската и по еден од египетската и хрватската заедница.
XS
SM
MD
LG