Достапни линкови

Задолжување - од шупливо во празно


Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје.

Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје.

Македонија влезе во маѓепсан круг на задолженост, вели потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, затоа што со новите заеми владата повторно останува задолжена бидејќи новиот долг е само за враќање на стариот.

Со новото ургентно задолжување од 115 милиони евра неделава, владата ја прекина заложбата за помало задолжување на домашниот пазар. Додека од власта се надеваат на надминување на проекциите за раст на бруто домашниот производ, опозицијата стравува дека новото задолжување ја фрла земјава во должнички циклус. Во крајна линија, граѓаните и стопанството ќе страдаат од употребата на казните како мерка за полнење на буџетот наместо фискална регулација, посочуваат бизнисмените.
Очигледно дека парите биле потрошени за цели кои не можат да ги враќаат тие долгови и сега како полека стигнуваат ратите, особено кон домашните позајмувачи, владата нема што друго да прави освен повторно да се задолжува, за да се оддолжи краткорочно кон тие доверителни домашни, меѓутоа владата повторно останува задолжена бидејќи новиот долг е само за враќање на стариот.

Министерот за Економија Ваљон Сарачини изјави дека годинава ќе заврши со економски раст од над 2,5 проценти и предвидува раст на БДП од 3 отсто. Наспроти оптимизмот, до крајот на годинава достасуваат долгови во износ од 440 милиони евра, проценуваат медиумите. Македонија влезе во маѓепсан круг на задолженост, вели професорот Ванчо Узунов, потпретседател на опозициската СДСМ.

„Очигледно дека парите биле потрошени за цели кои не можат да ги враќаат тие долгови и сега како полека стигнуваат ратите, особено кон домашните позајмувачи, владата нема што друго да прави освен повторно да се задолжува, за да се оддолжи краткорочно кон тие доверителни домашни, меѓутоа владата повторно останува задолжена бидејќи новиот долг е само за враќање на стариот.“

Од задолжувањето во вторникот остана „кусур“ од 38 милиони евра кои ќе се трошат за „други буџетски потреби“. Не е јасно кои се тие потреби и дали со трошењето на овие пари ќе се создадат услови за профит, имено дали задолжувањето ќе се исплати. Узунов смета дека владата до крајов на годинава повеќе ќе се задолжува и забележува дека долгот постојано непрекинато се
И ако гледате во буџетот како се планирани приходите се гледа дека за жал во ставката кадешто се очекува да се соберат пари од казните, има дури 40 проценти зголемување на тие приходи.
зголемува. Дали покрај долговите владата ќе удри по стопанството и граѓаните за да прибере пари? Узунов одговара:

„Да, тоа е почнато веќе и владата ќе гледа дел од парите што може да ги собере во буџет и преку такво користење на казната како фискален инструмент, а не како средство за спроведување на правна држава, односно за почитување на законите.“

Арбенд Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека казните се очекувани со цел државата да собере пари во народната каса.

„И ако гледате во буџетот како се планирани приходите се гледа дека за жал во ставката кадешто се очекува да се соберат пари од казните, има дури 40 проценти зголемување на тие приходи.“

Новото задолжување на државата на домашниот пазар, според Халили, ќе придонесе кон истиснување на приватниот сектор од пазарот на капитал. Едноставно, тоа значи дека со тоа што владата се задолжува дома, остануваат помалку пари за фирмите

„Задолжувањето на државата исто така би значело и некој недостаток и прекин на развој на стопанството, со тоа што комерцијалните банки би биле позаинтересирани да ги вложат парите таму кадешто е посигурно и кадешто навремено би ги отплаќале своите долгови.“

Останува да се види дали ќе се остварат предвидувањата за раст на БДП од 3 проценти ако државата се задолжува дома за да врати достасани долгови и со тоа го истиснува стопанството – секторот од кој најмногу зависи економскиот раст.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG