Достапни линкови

Македонија единствена без попис во Европа


Судејќи по најавите на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и в година ќе нема попис, па затоа и во буџетот нема пари. Тоа значи дека во земјава 12 години не се преброиле работите, оти последниот попис е спроведен во 2002.

Македонија ќе остане единствената европска земја во која не е спроведен попис. Во светот, пак, друштво ни прави Сомалија. Претходно во ова група беше и БиХ, но сега и таму има попис. Судејќи по најавите на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и в година ќе нема попис, па затоа и во буџетот нема пари. Тоа значи дека во земјава 12 години не се преброиле работите, оти последниот попис е спроведен во 2002.
Затоа што самиот факт кој влегува во правните, законските норми, дека под 20 проценти една група има едни права, над 20 проценти други, кога политичкиот момент е многу битен особено за време на избори, за време на гласање, колку се тие луѓе, каде се итн. Во тој контекст мислам дека проблемите во Македонија уште ќе се усложнуваат и не знам дали во блиска иднина ќе може да се направи таква една операција која за многу држави е, речиси за сите држави е чисто техничко прашање, кај нас е длабоко политичко прашање.

Опозицијата критикуваше дека попис не се спроведува, затоа што власта сака со тоа да ја прикрие реалноста, меѓу другото да сокрие дека голем број на луѓе, главно млади ја напуштиле земјата, што, пак, се одразува и на избирачкиот список.

Пописот во Македонија се претвори во политичка операција, а овие политички околности и во иднина тешко ќе овозможат попис да се спроведе, вели социологот Илија Ацески.

„Затоа што самиот факт кој влегува во правните, законските норми, дека под 20 проценти една група има едни права, над 20 проценти други, кога политичкиот момент е многу битен особено за време на избори, за време на гласање, колку се тие луѓе, каде се итн. Во тој контекст мислам дека проблемите во Македонија уште ќе се усложнуваат и не знам дали во блиска иднина ќе може да се направи таква една операција која за многу држави е, речиси за сите држави е чисто техничко прашање, кај нас е длабоко политичко прашање“, вели Ацески.
Македонија е единствената европска земја која не спроведува попис, дури и Босна и Херцеговина со лабави институции спроведува попис. Партиите на власт имаат корист од „маглата“ на немање на реални податоци. Со немање попис тие можат да фингираат, да прикажуваат лажна статистика, да се прикажуваат лажни успеси и на нив им останува ќарот од немањето попис во државата.

Активистот Џелал Хоџиќ вели дека на секоја нормална држава и на секоја нормална власт и одговара да има попис.

„Македонија е единствената европска земја која не спроведува попис, дури и Босна и Херцеговина со лабави институции спроведува попис. Партиите на власт имаат корист од „маглата“ на немање на реални податоци. Со немање попис тие можат да фингираат, да прикажуваат лажна статистика, да се прикажуваат лажни успеси и на нив им останува ќарот од немањето попис во државата“, вели тој.

Ние немаме релевантни податоци за тоа што се случувало во еден период, пописот не само што што ни овозможува да видиме што се случувало во минатото, ни овозможува да погледнеме и кон иднината, вели Ацески. Основните податоци од пописот потоа се користат за планирање, за истражувања, за креирање политики, се користат во речиси сите институции и затоа ние денеска не можеме да реализираме ниту еден нормален истражувачки зафат, додава тој.

„Тоа е голем проблем, со проблем се соочуваат и планерските организации, фирмите итн., многу нешта се затскриени зад тоа, ние немаме една елементарна претстава за некои феномени како се развивале, дури еве се нагаѓа со тој процент на иселени лица, кои се тие, како се одвивала таа динамика, да да може, тоа е потребно за да се нурне подлабоко во причините зошто се случуваат некои феномени“, вели Ацески.

Хоџиќ вели дека според податоците не Светска банка земјава ја напуштиле 450 илјади луѓе, а според статистиката на ЕУ, 230 илјади луѓе имаат регулиран престој во земјите од Унијата. Немањето на податоци од пописот прави проблеми и на избирачкиот список, додава Хоџиќ.

„Треба да се направи попис и избирачки список според реален попис. Ако вие ги тргнете тие 450 илјади луѓе, тогаш во државата имате околу 1 милион и 700 илјади луѓе и тогаш во прашање се доведуваат и изборите“, вели тој.

Последниот попис во 2011 беше прекинат откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG