Достапни линкови

Потона брод со имигранти во јужна Италија


Илустрација

Илустрација

Десетици луѓе загинале откако бродот со кој се превезувале имигранти, потонал во јужна Италија. До несреќата дошло во близина на островот Лампедуса, а според локалните власти, досега настрадале над 80 луѓе. Сеуште е во тек спасувачката акција и се страхува дека бројот на настрадани може да биде и поголем, бидејки на бродот имало околу 500 луѓе, најголемиот дел од нив од Сомалија. Островот Лампедуса се наоѓа меѓу Сицилија и Тунис и е една од главните порти за имигрантите од северна Африка на патот кон Европската Унија.
XS
SM
MD
LG