Достапни линкови

Слободата на Интернетот се намалува


Во најновиот извештај на Фридом Хаус се наведува дека слободата на интернетот во светот се намалува и оти има се повеќе закони кои се рестриктивни, а се повеќе корисници на социјални мрежи уапсени. Во извештајот бил следен развојот на интернет во 60 земји, во периодот од мај 2012-та до април 2013-та. Иран, Куба и Кина и натаму се земјите во кои има најмногу рестрикции и цензорирање на интернетот, а во слична позиција се и интернет корисниците во Белорусија, Пакистан и Узбекистан. Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Русија се рангирани во делумно слободни земји. Фридом Хаус наведува дека и во некои демократски земји, владите ја ограничиле слободата на интернетот поради безбедносни причини.
XS
SM
MD
LG