Достапни линкови

Белград го предупреди Брисел дека ќе го прекине дијалогот со Приштина


Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека го предупредил Брисел оти ќе го прекине учеството во преговорите доколку Приштина не им дозволи на српските државни претставници да го посетуваат Косово во предизборната кампања.
„Го предупредив Брисел... дека одлуката на властите во Приштина е скандалозна и дека претставува удар по мировниот процес“, изјавил Дачиќ за српските медиуми.
Тој најавил дека српските власти денес ќе разговараат за натамошните чекори и ќе побараат став од Европската Унија за овој проблем.
Инаку шефицата на косовскиот преговарачки тим Едита Тахири за РСЕ потврди дека министерот за правда Хајредин Кучи донесол одлука за време на кампањата за локалните избори на Косово која трае од денеска до 1 ноември на официјални преставници на Србија да не им биде дозволен влез на Косово.
Тахири додаде дека министерството за правда е компетентно за одредување можности за посети од Србија.
Врз основа на меѓународните стандарди, се знае дека изборната кампања се одвива во рамки на една земја и дека нема потреба официјални прествници на друга земја да доаѓаат, изјави Тахири.
XS
SM
MD
LG