Достапни линкови

Фридом Хаус - влошена состојбата на онлајн медиумите


Фридом Хаус објави дека слободата на онлајн медиумите е влошена ширум светот во последната година,поради засилената контрола на владите врз веб страниците и зголемениот број на приведувања на корисници на социјалните медиуми. Во најновиот извештај на американската организација се наведува дека активистите стануваат се повеќе свесни за зголмувањето на заканите. Во извештајот се опфатени 60 земји, а истражувањето се однесува на периодот меѓу мај 2012 и април 2013 година. Во извештајот се наведува дека Иран, Куба и Кина остануваат меѓу земјите каде рестрикциите се најголеми.Рестрикции во слободата на медиумите исто така се констатирани во Белорусија, Пакистан и Узбекистан, додека делумна слобода има во Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Русија .
XS
SM
MD
LG