Достапни линкови

logo-print

Пакистан - 400 луѓе загинаа во земјотресот


Властите во јужната пакистанска провинција Балочистан соопштија дека бројот на загинати во земјотресот изнесува 400 луѓе. Во земјотресот со магнитуда од 7,7 степени што се случи на 24 септември и во земјотресот од 6,8 степени што уследи во саботата се повредени 800 луѓе а 100 000 лица останаа без домови. Според првичниот извештај во земјотресот загинале 500 лица. Спасувачките екипи во меѓувреме продолжуваат со својата работа во оваа пакистанска провинција.Армија употреби и хеликоптери за извлекување на повредените.Воениот персонал се најде и под напад од сепаратистите кои се активни во тој регион.
XS
SM
MD
LG