Достапни линкови

Српските преставници не може да одат на Косово за време на кампањата


Шефицата на косовскиот преговарачки тим Едита Тахири за РСЕ потврди дека министерот за правда Хајредин Кучи донесол одлука за време на кампањата за локалните избори на Косово која трае од утре до 1 ноември на официјални преставници на Србија да не им биде дозволен влез на Косово.
Тахири додаде дека министерството за правда е компетентно за одредување можности за посети од Србија.
Врз основа на меѓународните стандарди, се знае дека изборната кампања се одвива во рамки на една земја и дека нема потреба официјални прествници на друга земја да доаѓаат, изјави Тахири.
Од владата на Србија, според извори на РСЕ, се размислува за прекин на дијалогот со Приштина за што ке бил известен високиот претсваник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG