Достапни линкови

logo-print

Сарачини очекува до 3 насто раст на економијата


Министерот за економија Ваљон Сарачини очекува македонската економија годинава да има раст од 2,5 до 3 проценти што е над првично планираното затоа што во првите два квартала од годинава имало раст поголем од очекуваниот.
Тој смета дека тоа е резултат на владините мерки преземени во 2012 и 2013 година за амортизирање на негативните ефекти од еврокризата.
Според Сарачини, почнале да се зголемуваат нарачките од странските пазари што е резултат на подобрувањето на економијата во земјите од ЕУ.
XS
SM
MD
LG