Достапни линкови

logo-print

„Бела ноќ 2013“ во знакот на вистинските вредности


Француската трупа „Ле командос Перку“.

Француската трупа „Ле командос Перку“.

Со претставување на обемниот проект „Уметникот и диктатурата“, спектакуларното музичко-пиротехничко шоу на француската трупа „Ле командос Перку“, алтернативен театар, промоции, перформанси и изложби, кино на отворено, концерти, полноќна модна ревија и филмски маратони, на Скопје, како еден од ретките балкански градови, во сабота на 5 октомври, по деветти пат, ќе му се случи манифестацијата „Бела ноќ“, која овојпат е замислена како посвета на вистинските вредности.

Една седмица подоцна од веќе со години усталениот термин, на Скопје, в сабота на 5-ти октомври, по деветти пат, ќе му се случи манифестацијата „Бела ноќ“. Најдолгата ноќ во годината, како што велат нејзините организатори, Градот Скопје и бројните национални и јавни институции, е планирано да понуди повеќе настани со кои и овојпат ќе биде предизвикано љубопитството и вниманието на граѓаните.
Содржините се наменети за оној процент од публиката кој очекува да ги види вистинските уметнички вредности. Ја тргаме естрадата на страна и оваа „Бела ноќ“, како и досега, а тоа е всушност и концептот и идејата на случувањето, е наменета за вистинските вредности и им даваме време, простор и место на граѓаните да уживаат токму во нив.

Така, скопјани ќе имаат можност да ги проследат промоциите на книги во библиотеката „Браќа Миладиновци“, изложбите на фотографии на Фатон Калиси во Ко-Ра, на плакати и илустрации и на Тања Мишева и Таби Азири во Галерија 8, да бидат на претставувањето на зборникот „Рукописи“ пред платото на Спомен куќата на Мајка Тереза, да ги погледнат омилените филмови на маратоните во кината „Милениум“ и „Фросина“ или можеби да уживаат во проекциите во киното на отворено во Градскиот Парк, да ја проследат полноќната модна ревија, перформансот „Топење“ на Борис Петковски во МКЦ и конечно да го следат сопствениот музички избор.

Сепак, двата главни настани во оваа пригода, оние кои се во дослух со промовирањето на вистинските вредности, се големиот проект-изложба „Уметникот и диктатурата“ кој ќе биде отворен во Музеј на град Скопје во 20:30 часот, како и спектакуларното музичко-пиротехничко шоу со француската трупа „Ле командос Перку“ кое ќе се случува половина час подоцна на плоштад „Македонија“.
Повеќе од 20 музичари, техничари, режисери, сценографи, кореографи се на Аеродромот, пристигнуваат денеска. Плоштадот ќе биде буквално окупиран. Тоа е едно музичко-пиротехничко шоу и нешто што неизоставно треба да се види.

Проектот „Уметникот и диктатурата“, подготвуван повеќе месеци, паралелно ќе се одвива и во Националната галерија на Македонија, Културно-информативниот центар и во Младинскиот културен центар, а како куратори го потпишуваат Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова. Станува збор за обемна постановка од дела од институциите и од приватните колекции кои датираат од 1950-те па сè до денес, а во пооделните негови сегменти како ко-куратори се јавуваат Златко Теодосиевски, Ана Франговска, Емил Алексиев, Атанас Ботев, Сергеј Андреевски, Емил Шаулајковски и Љубиша Никодиновски - Биш.

„Содржините се наменети за оној процент од публиката кој очекува да ги види вистинските уметнички вредности. Ја тргаме естрадата на страна и оваа „Бела ноќ“, како и досега, а тоа е всушност и концептот и идејата на случувањето, е наменета за вистинските вредности и им даваме време, простор и место на граѓаните да уживаат токму во нив“, ќе рече Тања Балаќ, раководител на секторот за јавни дејности на град Скопје.

Французите „Ле командос Перку“, пак, во Скопје доаѓаат по цели девет години, но овојпат како планетарни ѕвезди. Во меѓувреме со своите перформанси на настани како Олимпијадата на пример, тие им се приближија на недопирливите од „Циркусот на сонцето“, а за трупата рецензентите ќе забележат дека таа „комбинирајќи ги музиката и огнот создава магија“, или дека „нејзините членови ја имаат бојата на земјата и силата на вулканот“.

„Повеќе од 20 музичари, техничари, режисери, сценографи, кореографи се на Аеродромот, пристигнуваат денеска. Плоштадот ќе биде буквално окупиран. Тоа е едно музичко-пиротехничко шоу и нешто што неизоставно треба да се види“, ќе рече на прес конференцијата Златко Стефковски, директор на Младинскиот културен центар.

Инаку, за „Бела ноќ 2013“ се издвоени 3,5 милиони денари, а Балаќ со дополна дека тие како организатори би сакале идната, јубилејна десетта година на оваа манифестација да биде во знакот на уште позначајни уметнички перформанси и поголем буџет.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG