Достапни линкови

Режисерот Расоулоф не може да го напушти Иран


На иранскиот режисер Мохамад Расоулоф, како што се јавува, му бил забрането да го напушти Иран.
Филмскиот фестивал за човекови права во Нурембург соопшти дека пасош на режисерот бил конфискуван од страна на иранските власти кога тој влезе во Иран на 19 септември, за му оневозможи да се врати во Германија како што планирал. Мохамад Расоулоф , кој живее и работи во Хамбург и Техеран треба да ја прими наградата на фестивалот на 8 октомври.
Тој е ,исто така, поканет на Меѓународниот филмски фестивал во Стокхолм каде следниот месец треба да го претстави својот најнов филм, "Ракописи немој да изгорите."
XS
SM
MD
LG