Достапни линкови

logo-print

Турските власти ги прекршија човековите права на демонстрантите


Турските власти значително ги прекршија човековите права за време на антивладините протести, кои се одржаа во јуни. Ова се наведува во денешните извештајот на Амнести интернешнл, кој е објавен денеска.
„Обидите за разбивање на протестите во паркот Гези вклучуваат серија кршења на човековите права во поширока смисла. Тие вклучуваат големо оспорување на правата за мирно собирање и кршење на правата на живот, слобода, како и слобода од измачување и злоупотребување“, се вели во извештајот.
Шест лица загинаа, а околу осум илјади граѓани беа повредени за време на повеќенеделните протести в Истанбул и другите градови на Турција, а во извештајот се наведува дека властите употребиле оружје, солзавец, водени топови и физичка сила против ненасилните демонстранти.
XS
SM
MD
LG