Достапни линкови

Невестите од Албанија ги живнаа битолските села


Сопруги од Албанија со децата во училиштето во село Далбеговци.
Сопруги од Албанија со децата во училиштето во село Далбеговци.

Изминатите осум години во пелагониските села се омажија седумдесетина Албанки и народија близу сто деца. Благодарение на тоа што го поткренаа наталитетот во селските средини, во мариовското село Рапеш по 25 години се слушна училишно ѕвонче, во Тепавци се реновира селското училиште, а во Далбеговци се изгради монтажно школо.

Невестите од Албанија создадоа демографско чудо во пелагониско. Во услови на депопулација на населените места и намален наталитет, изминатите осум години во пелагониските села се омажија седумдесетина Албанки и народија близу сто деца. Невести од Албанија има во селата Долно Српци, Крлино, Могила, Тепавци, Далбеговци и на други места.
Има шест години откако сум мажена тука. Имам две деца. Убаво ми е. Не ми беше тешко да го научам јазикот. Си се сакаме со момчето.
Флора Пачковска, Крклино.

Годинава дури половина од првачињата во најстарото основно училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар се од мајки Албанки. Благодарение на тоа што го поткренаа наталитетот во селските средини, во мариовското село Рапеш по 25 години се слушна училишно ѕвонче, во Тепавци се реновира
Виолета Пренди и Љупчо Амбуковски од битолското село Крклино.
Виолета Пренди и Љупчо Амбуковски од битолското село Крклино.
селското училиште, а во Далбеговци се изгради монтажно школо.

Поголемиот број Албанки, иако живеат во села и се занимаваат со сточарство, задоволни се од животот во Македонија.

„Имам две дечиња, девојчето е првооделенка, а синот е 4 години. Со сопругот се запознавме со стројници. Живееме во село во
Јас сум од Драч, но среќата ми беше да се омажам тука. Живеам во Крклино, имам тригодишен син и една ќерка. Претходно кога ќе им речеа на момите таму веднаш доаѓаа тука да се мажат. Сега ретко и тешко е. Порано Драч не беше толку развиен, сега се е направено, многу е развиен, најубаво е таму и момите велат не сакаме во Македонија.
Виолета Пренди, Албанка омажена во битолското село Крклино.
Бач, за сега се занимаваме со земјоделство“, вели Маета Гуговска од Бач.

Флора Пачковска од Крклино вели:

„Има шест години откако сум мажена тука. Имам две деца. Убаво ми е. Не ми беше тешко да го научам јазикот. Си се сакаме со момчето. “

Но, сите невести кои дојдоа од Албанија немаа ксмет да основат среќен брак. Имаше и такви на кои не им се погоди среќата, па ги напуштија мажите.

„Се караа со мажите. Имаше некои мажи што ги малтретираа, ги тепаа, пијаници, секакви има“, вели Шпреса Трајковска од село Рапеш.

Но, со развојот на Албанија, подобрената финансиска состојба, инфраструктура и други услови за живот, во последно време се намалува интересот на Албанките за мажење во Македонија, вели Виолета Пренди, Албанка омажена во битолското село Крклино.

„Јас сум од Драч, но среќата ми беше да се омажам тука. Живеам во Крклино, имам тригодишен син и една ќерка. Претходно кога ќе им речеа на момите таму веднаш доаѓаа тука да се мажат. Сега ретко и тешко е. Порано Драч не беше толку развиен, сега се е направено, многу е развиен, најубаво е таму и момите велат не сакаме во Македонија“, вели Виолета Пренди, Албанка омажена во битолското село Крклино.

Во битолските села се уште е голем бројот на ергени, а момите се мажат во град. Само во битолското село Буково има 40 ергени. Статистиката покажува дека во целиот пелагониски регион од 340 населени места, дури 77 проценти се реселени или имаат мал број на жители. Од вкупно девет пелагониски општини дури 5 се навлезени во длабока старост, меѓу нив се Новаци и Демир Хисар.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG