Достапни линкови

Македонија некорумпирана - хумор или пропаганда?


Изјавата на сопственикот на Сахара групацијата, индискиот бизнисмен Субрата Рој, дека Македонија е земја без корупција, за експертите не соодветствува со реалноста и ја покажува неговата смисла за хумор.

Сахара балканскиот мировен фестивал продолжува вечерва со мировниот самит на кој присуствуваат еминентни личности од македонската, балканската и меѓународната сцена. Фестивалот е во организација на Сахара групацијата по повод одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и на Меѓународниот ден против насилството.
Цел свет го слави Махатма Ганди и неговиот начин на ненасилна борба, а ние, наместо да го славиме Махатма Ганди, го славиме еден од најголемите криминалци во Индија. Така што, тука се гледа колку е Македонија на вистински пат и колку е земја на толеранција и на љубов и посебно на разум, на кое ниво сме стигнати.

Главни говорници се поранешниот британски премиер Тони Блер, претседателот на Сахара групацијата Субрата Рој, премиерот Никола Груевски, баронесата Патриша Скотланд, претседателот на алијансата против домашно насилство Леди Мохини Ноон, како и останати гости.

Сопственикот на Сахара групацијата, индискиот бизнисмен Субрата Рој, на отворањето порача дека ја одбрал Македонија за одржување на фестивалот, бидејќи е вистинска земја, која е полна со љубов, почитување, благосостојба и без корупција, што за експертите не соодветствува со реалноста. Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека смислата за хумор на Субрата Рој е на завидно ниво и тој успеа со инвестициите да си купи заштита за неговото семејство во Македонија.
Сега, ако традиционалните институции, министерство за внатрешни, обвинителство итн., се под капата на власта, тука имаме еден очигледен проблем колку се тие навистина подготвени и сакаат да се занимаваат со тоа прашање.

„Цел свет го слави Махатма Ганди и неговиот начин на ненасилна борба, а ние, наместо да го славиме Махатма Ганди, го славиме еден од најголемите криминалци во Индија. Така што, тука се гледа колку е Македонија на вистински пат и колку е земја на толеранција и на љубов и посебно на разум, на кое ниво сме стигнати“, вели Стојадиновиќ.

Инаку, на Субрата Рој му се замрзнати сите сметки и имотот во Индија и е осуден за даночна измама од 4,5 милијарди долари.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски вели дека корупцијата по дефиниција се создава во рамките на власта, чии институции не се борат со оваа појава во општеството.

„Сега, ако традиционалните институции, министерство за внатрешни, обвинителство итн., се под капата на власта, тука имаме еден очигледен проблем колку се тие навистина подготвени и сакаат да се занимаваат со тоа прашање“, вели Малиновски.

Според Стојадиновиќ, Владата со покровителството на фестивал од овој вид сака да ги прикрие вистинските проблеми.

„Во ситуација кога Македонија се соочува со реална невработеност, а не статистичка, ова отворено наликува на онаа „Дајте му на народот игри, бидејќи не можеме да му дадеме леб“ и ова води во безобразна и дозирана пропаганда која ги поминува границите на обичниот популизам и преминува во навреда на интелектот на граѓаните“, вели Стојадиновиќ.

На мировниот самит му претходеше Конклава на мирот каде претставници на невладините организации дебатираа на темата „Мирот денес и како да го постигнеме“.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG