Достапни линкови

Лидерот на Златна Зора денеска пред суд


Лидерот на грчката крајно десничарска партија Златна Зора, денеска ќе се појави пред судот во Атина за да одговори на обвинувањата за организирање на криминална група. Никос Михалолакис се соочува со обвинувања за убиства, напади и перење пари. Во акцијата на полицијата против Златна Зора во изминатите денови, беа уапсени 22 лица, а по 10 е издадена потерница. Од четворицата уапсени пратеници, тројца беа пуштени да се бранат од слобода, а еден е задржан.
XS
SM
MD
LG