Достапни линкови

Расмусен бара од Русија да го повлече признавањето на Абхазија и Јужна Осетија



Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја повика Русија да го повлече признавањето на двете отцепени грузијски републики Абхазија и Јужна Осетија. Во денешното соопштение, Расмусен изразува загриженост во врска со актуелните активности на Москва за подигање огради меѓу тие две републики и Грузија. Со тоа, според Расмусен, ќе биде отежнат животот на грузијците кои живеат во тој регион.
XS
SM
MD
LG