Достапни линкови

Денеска за гласање на доверба на владата


Италијанскиот парламент денеска ќе гласа за доверба на коалиционата влада на премиерот Енрико Лета. До гласање за доверба доаѓа откако Силвио Берлускони побара од министрите на неговата партија да ја напуштат владата. Сепак, дел од неговите партеници најавија дека ќе ја подржат владата на Лета. Тензијата во владејачката коалиција во Италија започнаа откако судот покрена обвинение против Берлускони за даночно затајување. Според Берлускони, премиерот Лета дозволил негова политичка егзекуција низ легалниот систем.
XS
SM
MD
LG