Достапни линкови

Обама ја откажал посетата на Малезија


Американскиот претседател Барак Обама ја откажал посетата на Малезија поради буџетските проблеми во Соединетите Држави и делумното затворање на владините институции. Премиерот на Малезија, Наџиб Разак денеска соопшти дека му се јавил Обама за да му изрази жалење поради откажувањето на посетата и му соопштил дека државниот секретар Џон Кери ќе ги претставува Соединетите Држави на конференцијата во Куала Лумпур, на 11-ти овој месец. За наредната недела беше предвидено Обама да посети 4 земји во југо-источна Азија.
XS
SM
MD
LG