Достапни линкови

logo-print

Почна Сахара Балканскиот мировен фестивал


Со перформанс на танчери од студиото на Шајмак Давар од Индија и од Македонија, синоќа на плоштадот Македонија почна Сахара Балканскиот мировен фестивал, организиран по повод одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и на Меѓународниот ден против насилството. Фестивалот е иницијатива за промовирање на мирот и секоја година ќе се одржува во различна балканска земја. На отворањето говореа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и сопственикот на Сахара групацијата Субрата Рој, а присуствуваа и пратеници и членови на Владата. Перформансот на плоштадот беше дополнет со танц на неколку стотини танчери од балетскиот училишен центар. Испратени беа пораки за мир и првпат се изведе песната Мајка посветена на Мајка Тереза.
Денеска во рамки на фестивалот ќе биде одржан мировен самит. Организаторите најавуваат присуство на педесетина светски лидери-поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји. Меѓу говорниците ќе биде и поранешниот британски премиер Тони Блер. Организирана ќе биде и дебата за мирот, а ќе се додели и награда за мир.
Фестивалот е спонзориран од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG