Достапни линкови

САД: Републиканците и Демократите далеку од договор


Делумното затворање на американската влада влезе во вториот ден, бидејќи законодавците се далеку од договор за потрошувачкиот план за финансирање на работата. Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама ќе стави вето на секој поединечен закон со кој би се продолжило финансирањето само на одредени делови на владата, како што се националните паркови и програмата за ветерани. „Овие поединечни напори не се сериозни и тие не се начин за водење на влада“, се вели во соопштението.
Претходно, Обама ги обвини Републиканците во Претставничкиот дом дека го предизвикале првото делумно затворање на владата по 17 години, истакнувајќи оти Републиканците почнале идеолошка крстоносна војна против законот за здравствена заштита.
Републиканската партија ги обвини Демократите дека одбиваат да преговараат.
XS
SM
MD
LG