Достапни линкови

logo-print

Мадуро: Венецуела нема да има „срдечни односи“ со САД


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека Каракас нема да има „срдечни односи“ со САД доколку американските дипломати продолжат да ја спроведуваат кампањата за дестабилизација на земјата.
Оваа изјава доаѓа еден ден по објавувањето за протерување на двајца врвни американски дипломати од Венецуела и двајца други службеници на амбасадата. Мадуро ги обвини дипломатите за заговор заедно со екстремно десни Венецуелци за саботажа на економијата и енергетските извори на неговата земја. Американскиот Стејт департмент ги негира обвинувањата за напори за дестабилизирање на Венецуела, тврдејќи дека активностите на официјалните лица во таа земја се „нормални дипломатски ангажмани“.
XS
SM
MD
LG