Достапни линкови

Теодор Мерон реизбран за претседател на Хашкиот трибунал


Теодор Мерон

Теодор Мерон

Американскиот судија Теодор Мерон по третпат е избран за претседател на Судот во Хаг на пленарна седница на која присуствувале сите постојани судии на Трибуналот. Противкандидат на Мерон во трката за избор на оваа функција беше јужнокорејскиот судија О-Гон Куон.
За заменик-претседател на Хашкиот трибунал е избран Кармел Аџиус од Малта. Мерон неодамна беше назначаен за претседател на т.н. „останат механизам“, кој ќе го наследи Трибуналот, откако тој ги заврши последните три процеси на првите рочишта.
XS
SM
MD
LG