Достапни линкови

Времето денеска променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и со умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура се движи од пет до 14, а дневната ќе биде од 11 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време, а в петок и сабота и сончево, но поради ведрите ноќи температурите ќе бидат доста ниски.
Утринската температура во овие два дена ќе се спушти на места и под нулата, а дневната ќе биде во благо покачување.
XS
SM
MD
LG