Достапни линкови

Корупција и непотизам во образованието


Децата на професори и членовите на студентскиот парламент имале најголеми можности да студираат во странство, се наведува во глобалниот извештај за корупција во образованието на меѓународната „Транспаренси интернејшнал“.

Корупцијата во образованието има сериозни последици и потребно е надлежните да го осознаат проблемот и акциските планови да ги преточат во активности, сметаат упатените.
Кога имаме корупција и во образованието, тогаш опаѓа квалитетот, немаме квалитет во наставата, тоа се одразува врз кадрите. Ние како образовни институции треба да произведуваме силни и способни кадри.

Професорот Осман Кадриу вели дека последиците од корупцијата во образовниот систем може да бидат сериозни.

„Кога имаме корупција и во образованието, тогаш опаѓа квалитетот, немаме квалитет во наставата, тоа се одразува врз кадрите. Ние како образовни институции треба да произведуваме силни и способни кадри, а тоа се одразува. Во нарушувањето на севкупните односи исто така се одразува, и во образованието и во другите сфери“, вели Кадриу.

Не се сака да се признае дека можеби навистина се случуваат вакви појави во рамките на самите високообразовни институции и тоа би бил првиот чекор каде што ние ќе можеме воопшто да седнеме на маса и да видиме што е тоа што точно имаме ние од информации, ајде да ги провериме повторно ако има потреба, и доколку нели се потврдат новите информации што ги имаме, заеднички да седнеме и да почнеме да размислуваме за некакви решенија.
Во глобалниот извештај за корупција во образованието на меѓународната „Транспаренси интернејшнал“ се наведува дека при истражувањето на корупцијата, невладиниот сектор морал да се повика на Законот за пристап до информации од јавен карактер. Се истражувало колку државниот универзитет и студентскиот парламент ги информира студентите за можностите за студии во странство.

Од добиените информации било утврдено дека ниту еден студент се нема здобиено со дополнителна диплома од странство. Немало вработени кои биле задолжени за да ги информираат студентите за можностите за студии во странство, нити, пак, се дискутирале можностите за студентска мобилност, пишува во документот и се додава:

„Ваквите наоди укажуваат кон тоа дека децата на професори и членовите на студентскиот парламент имале најголеми можности да студираат во странство.“

Марија Мирчевска од Младинскиот образовен форум вели дека е важно образовните институции да го препознаат проблемот.

„Не се сака да се признае дека можеби навистина се случуваат вакви појави во рамките на самите високообразовни институции и тоа би бил првиот чекор каде што ние ќе можеме воопшто да седнеме на маса и да видиме што е тоа што точно имаме ние од информации, ајде да ги провериме повторно ако има потреба, и доколку нели се потврдат новите информации што ги имаме, заеднички да седнеме и да почнеме да размислуваме за некакви решенија. Она што мене ме загрижува досега е што навистина нема реакција од страна на високообразовните институции, самите универзитети или надлежната администрација“, вели Мирчевска.

Младинскиот образовен форум во спроведено регионално истражување за перцепцијата на корупцијата во високото образование, констатира дека перцепцијата на непотизмот во најголемиот универзитет во земјава е на прво место во регионот.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG