Достапни линкови

Беџети: Се разгледува иницијативата за ослободување на Кежаровски


Министерот за правда Блерим Беџети во врска со иницијативата на Здружението на новинарите на Македонија за ослободување од гонење на новинарот Томислав Кежаровски, вели дека додека случајот е во судска постапка би било преседан да се ослободи обвинетиот од гонење.
- Во Министерство за правда сериозно ја разгледуваме иницијативата, но внимателни сме да не придонесеме сите заедно да се случи еден преседан, додека е во судска постапка да се постапи по такво нешто, изјави Беџети одговарајќи на новинарско прашање пред промоцијата на Збирката на пресуди на Европскиот суд за човекови права, по членот 10 – слобода на изразување.
На новинарот, како што рече Беџети, не му се суди за слобода на изразување, туку за друг почуствителен предмет. - За конечен одговор деновиве ќе информираме од Министерството за правда, додаде министерот.

Судскиот процес за случајот „Ликвидација“, каде меѓу обвинетите е и новинарот Кежаровски денеска продолжи во скопскиот Кривичен суд.
XS
SM
MD
LG