Достапни линкови

logo-print

Четворица прaтеници на Златна зора пред суд


Четворица пратеници на грчката крајнодесничарска партија Златна зора денеска ќе бидат прелиминарно сослушани на суд. Тие се соочуваат со обвинувања дека и припаѓаат на криминална организација, но и за убиства, напади и перење пари. Пратениците беа уапсени во текот на изминатиот викенд заедно со лидерот и со уште 17 други членови на партијата. До ова дојде откако член на Златна зора на 17 септември уби еден грчки пејач. Златна зора која на изборите доби 7 насто од гласовите се закануваше дека ќе ги повлече 18 пратеници од парламентот со цел да предизвика вонредни избори.
XS
SM
MD
LG