Достапни линкови

Состанок за реформи на Католичката црква


Осуммина кардинали денеска во Ватикан почнаа разговори зад затворена врата со папата Франциско во врска со реформите на Католичката црква која има над милијарда и 200 милиони верници во светот. Главна задача на кардиналите е да предложат промени на администрацијата во Ватикан која со години е потресувана од скандали. Папата Франциско веднаш по неговата инаугурација годинава најави дека ќе формира советодавно тело кое треба да му помогне во реформите. Сегашните разговори би требало да траат три дена.
XS
SM
MD
LG