Достапни линкови

Во БиХ почна првиот попис од 1991 година


Во Босна и Херцеговина денеска почна првиот попис на населението, домаќинствата и живеалиштата од 1991 година. Пописот што ќе трае 15 дена претставува многу чувствително прашање во земјата, бидејќи, според оценките, би можело да има деликатни последици во поделбата на власта меѓу трите конститутивни народи, бошњаците, србите и хрватите. Во претходниот попис бошњаците, тогаш категоризирани како муслимани беа над 43 насто, србите над 31, а хрватите над 17 проценти од населението. Сегашниот попис требаше да се одржи во минатата година, но беше одложен поради големите меѓупартиски несогласувања.
XS
SM
MD
LG