Достапни линкови

Командантот на здружените сили на НАТО во Скопје


Во посета на АРМ, денеска ќе престојува командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, чиј домаќин ќе му биде началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески. За време на престојот адмиралот Клинган ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Талат Џафери. Како што е најавено, на средбите тој ќе се запознае со реформските процеси во одбраната и трансформацијата на АРМ, искуствата од мисиите предводени од НАТО, декларираните капацитети на АРМ за поддршка и учество во мисиите и учеството во пост-ИСАФ.
XS
SM
MD
LG