Достапни линкови

Сахара Балкански мировен фестивал во Скопје


Индискиот бизнисмен Субрата Рој

Индискиот бизнисмен Субрата Рој

Во Скопје денеска и утре за првпат ќе биде одржан Сахара Балкански мировен фестивал, кој се организира по повод одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и Меѓународниот ден против насилството. Фестивалот ќе биде отворен попладне со факел на мирот што низ Скопје ќе го носат македонски јавни личности. Утре ќе биде одржан добротворен мировен самит. Организаторите најавуваат присуство на околу педесетина светски лидери поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји. Меѓу говорниците ќе биде и поранешниот британски премиер Тони Блер. Фестивалот е спонзориран од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Македонија.
XS
SM
MD
LG