Достапни линкови

Ештон ги повика Македонија и Грција да постигнат договор


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Високот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон ги повика Македонија и Грција да постигнат решение на спорот. „Секогаш сум подготвена да помогнам, но ова решение, како во случајот на Србија и на Косово, зависи од тоа луѓето да се подготвени да ги направат потребните компромиси, да седнат на маса и да имаат повисока цел пред себе. А, повисоката цел е што можете да сторите за својот народ, изјави Ештон, која зборуваше во институтот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон на прашање на претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски за тоа што прави за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција. Таа додаде дека Европската унија ги поддржува напорите на Обединетите нации да се најде решение за спорот, кое ќе зависи и од желбата да се биде дел од Европската унија.
XS
SM
MD
LG