Достапни линкови

logo-print

Грција нема да помага на партии поврзани со кривични дела


Грчката Влада до Парламентот поднесе предлог-закон, чија цел е укинување на државната финансиска помош за политички партии инволвирани во криминал. Со тоа можно е укинување на финансиската помош за неонацистичката партија Златна зора, чии лидери изминатиот викенд беа уапсени под обвинение дека дејствувале како криминална организација. Владата со законот предлага укинување на државното финансирање за партија, чиј „член на раководството или пратеник во Собранието е осуден за кривично дело“. Грчката полиција изминатиов викенд ги уапси основачот на партијата и пет истакнати членови, по тензиите предизвикани со убиството на 34-годишниот левичарски рапер Павлос Фисас на 17 септември, за што е осомничен симпатизер на Златна зора.
XS
SM
MD
LG