Достапни линкови

Осуда за крвопролевањето во Ирак


Соединетите американски држави го осудија последното насилство во Ирак. Повеќе од 50 лица загинале во серија експлозии во понеделникот во Багдад. Нападите главно се извршувале со автомобили бомби во шиитските делови на главниот град на земјата. Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки ги опиша нападите како срамни.
XS
SM
MD
LG