Достапни линкови

Двајца генерали испратени во пензија поради неуспех


Двајца американски генерали се испратени во пензија поради неуспех да одбранат база на Соединетите американски држави во Авганистан. Генералот Џејмс Амос, првиот човек на американските маринци, во писмена изјава вели дека генералите Чарлс Гурганус и Грег Стурдевант не успеале да превземат соодветни мерки за одбрана од насилен напад на американската база во провинцијата Хелманд во Авганистан. Станува збор за неуспешна одбрана на објектот при напад во 2012 година.
XS
SM
MD
LG