Достапни линкови

Милер: Рускиот анти-геј закон е засрамувачки


Американскиот шампион во скијање Боде Милер го осуди рускиот закон со кој се забранува хомосексуална пропаганда. Спортистот смета дека легислативата е игнорантна и засрамувачка. Милер ја даде изјавата во понеделникот додека траат подготовките на американскиот скијачки тим за учество на зимските олимписки игри во рускиот град Сочи. Милер, кој има освоено пет златни олимписки медали, се надева дека петти пат ќе се квалификува за учество на Зимските олимписки игри.
XS
SM
MD
LG