Достапни линкови

logo-print

Белата куќа нареди делумно затворање на владата


Лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Хери Рид пристигнува во Конгресот

Лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Хери Рид пристигнува во Конгресот

Во Соединетите држави почна делумното затворање на федералните служби.

Станува збор за помалку неопходни агенции и вработени кои привремено треба да останат дома. Американскиот претседател Барак Обама претходно го потпиша законот за финансирање на одбранбените трошоци во случај да дојде до ваквиот развој на настаните.

Тој предупреди дека делумното затворање ќе има реален економски ефект. Претходно Сенатот го отфрли предлогот на Претставничкиот дом за привремено финансирање во кој за една година се одлага примената на законот за здравствено осигурување.

Сенатот усвои нов предлог што го врати на разгледување на Претставничкиот дом.

Бидејќи тој не беше усвоен до полноќ по источноамериканско време кога стапи во сила новата фискална година, од 800 илјади до два милиона вработени кои плата примаат од буџетот ќе мора да одат на принуден одмор.

Засега никој не знае колку ќе трае оваа ситуација. Слично се случи во 1995 година, а блокадата траеше три недели.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG