Достапни линкови

Инспекторите на ОН ја завршија мисијата во Сирија


Инспекторите на Обединетите нации откако ги испитале местата за кои се наведува дека биле извршени хемиски напади денеска заминале од Сирија. Тие ја започнаа нивната мисија во минатата недела, а извештајот треба да го предадат до крајот на октомври. Во Дамаск утре треба да пристигне нов тим експерти, овој пат од Организацијата за забрана на хемиското оружје. Тие би требало да почнат да го уништуваат овој вид на оружје во согласност со неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG