Достапни линкови

Стано: ЕК оценува се во врска со доброседството


Петер Стано

Петер Стано

„Извештајот на Европската комисија е оценка за прогресот во сите области што се важни во пристапувањето на земјата кон Европската унија. Како и за сите земји од Западен Балкан, овој извештај вклучува и поглавје за добрососедски односи и регионална соработка и ние ќе ги оцениме и нотираме сите чекори преземени од Македонија во однос на подобрувањето во оваа сфера“. Ова за агенцијата МИА го изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој додаде дека дел од добрососедските односи се и напорите преземени во однос на решавањето на прашањето за името.
XS
SM
MD
LG