Достапни линкови

logo-print

Венизелос: нема можност за вонредни избори


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Заменик премиерот на Грција Евангелос Венизелос денеска ја исклучи можноста од распишување вонредни парламентарни избори по апсењето на основачот и неколкумина пратеници на неонацистичката Златна зора. „Не можеме да ја уценуваме демократијата. Никој не смее да предизвика парламентарна криза“, изјави Венизелос кој додаде дека владата ќе ја разгледа можноста да го прекине финансирањето на Златна зора додека трае кривичната постапка против лидерот на оваа партија Никос Михалолиакос и четворица пратеници.
XS
SM
MD
LG