Достапни линкови

Бојкот на наставата во село Канино


Децата од битолското село Канино не одат на училиште зашто се уште не започнала градбата на новото училиште, кое надлежните им го ветиле уште пред две години.

Децата од битолското село Канино не одат на училиште зашто се уште не започнала градбата на новото училиште, кое надлежните им го ветиле уште пред две години.

Децата од битолското село Канино не одат на училиште зашто се уште не започнала градбата на новото училиште, кое надлежните им го ветиле уште пред две години.

Жителите од битолското село Канино не ги праќаат децата на школо револтирани зашто се уште не започнала градбата на новото училиште, во селото кое надлежните им го ветиле уште пред две години. Старото училиште го затворила санитарната инспекција во 2011 година, па 13 ученици веќе две години секојдневно патуваа на школо во соседното село Бистрица.
Греота е во селото каде има 13 деца, а од в година 17 да останат без училиште.


​„Ги праќавме децата во Бистрица со надеж дека училиштето во Канино ќе се направи. Но, нема најави за тоа. Решивме да ја бојкотираме наставата. Греота е во селото каде има 13 деца, а од в година 17 да останат без училиште. Во села со три или пет деца се направија училишта“, вели Елена Димовска, жителка на Канино.

„Јас не паметам во селото да немало продавница, а не пак училиште. Со години немаше струја во школската зграда, молевме да пуштат електрична енергија. Потоа, санитарната инспекција го затвори немало услови. Сега греота е , деца се, доаѓа зима, снег, не може комбето да качи горе, мајките ги носат понекогаш децата на школо“, вели Стојан Костов, жители на Канино.

Надлежните велат дека изградбата на новото школо не ни отпочнала зашто се јавил приватен сопственик на земјиштето предвидено за градба.

„Се избра локација, се изврши промена на урбанистичкиот план, заврши постапката, а дополнително се јави некој нов сопственик. Министерството одреди локација од 2.000 метри квадратни, издвои 25.000 евра за градба. Но, сето тоа го спори сопственикот на земјиштето“, изјави помошник директорoт Љупчо Стефановски.

Тој најави дека најверојатно ќе се реновира вториот кат од старото училиште во Канино. Но, и таков зафат би траел до следната учебна година.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG