Достапни линкови

Фотоизложбата „Изгрев на залез“ на Сашо Димоски во Куршумли Ан


„Изгрев на залез – постапокалиптична реа на транзицијата“ е насловена изложбата на фотографии на Сашо Димоски што од 1 до 6 октомври, како гостувачки проект на фестивалот „Скопје недела на дизајнот“, ќе се одржи во Куршумли ан. Станува збор за „визуелизација на распаѓањето на едно државно уредување со сите негативни последици и слика за смртта на еден прекрасен објект кој повторно оживува како монументално уметничко дело во еден надреален премин низ димензиите на менувањето на облиците на животот“.

Сашо Димоски преку фотографскиот проект „Изгрев на залез – постапокалиптична реа на транзицијата“ ги прикажува актуелните феномени на современата социјална и политичка реалност, на минатите системи и следствено транзициските процеси. Тема на неговата изложба е хотелот „Изгрев“ кој е изграден на брегот на Охридското езеро, во атарот на локалитетот Калишта во близина на Струга, кој во моментот на опсервација и снимање е напуштен и деконструиран (2011 – 2012 година).
Делото „Изгрев на залез – постапокалиптична реа на транзицијата“ е резултат на една подолга опсервација на политичко-економските и општествени случувања во Македонија, особено по падот на социјалистичкиот, односно комунистичкиот систем, ако сакате. На неговото создавање влијаеја последиците од ваквиот државен систем, како и неспособноста на македонското општество и неговите политички елити да се снајдат во пост-социјалистичкиот период или во т.н „транзициски години“, но и феноменот на политичките партии како прибежиште и погодно тло за кариеристите и матните транзициски ликови за водење нечист бизнис.
Сашо Димоски, фотограф.

Фотографирајќи ја актуелната состојба на овој некогашен атрактивен и грандиозен објект изграден во социјалистичкиот период, тој ги користи карактеристиките на документарната фотографија во приказот на фактичката руинирана состојба на објектот, дополнително изложува пропаганден флаер за хотелот „Изгрев“ и албум со фотографии од отворањето, а со тоа ја редефинира семантиката на документарната фотографија и самото дело кое преоѓа во концептуален ангажиран дискурс.
Сашо Димоски, фотограф.
Сашо Димоски, фотограф.

Ова ќе го запише Горанчо Ѓорѓиевски во воведот од рецензијата за фотоизложбата „Изгрев на залез – постапокалиптична реа на транзицијата“ со која уметникот Сашо Димоски е гостин на актуелното издание на фестивалот „Скопје – недела на дизајнот“ што од 1 до 6 октомври се одржува во Куршумли ан.

Во пресрет на отворањето на постановката, авторот вели дека неговото дело е резултат на една подолга опсервација на политичко-економските и општествени случувања во земјава.

Кундера пишува дека кичот е естетски идеал на сите политичари и на сите политички партии и движења. Кичот во ова дело е употребен да пренесе и една друга порака. Тоа е пораката на принципот на просечноста постигнат преку просечноста во општеството и луѓето. Просечноста е заеднички именител на најголемиот дел на масовно произведениот кич, вклучувајќи ја тука и политиката.
Сашо Димоски, фотограф.
„Делото „Изгрев на залез – постапокалиптична реа на транзицијата“ е резултат на една подолга опсервација на политичко-економските и општествени случувања во Македонија, особено по падот на социјалистичкиот, односно комунистичкиот систем, ако сакате. На неговото создавање влијаеја последиците од ваквиот државен систем, како и неспособноста на македонското општество и неговите политички елити да се снајдат во пост-социјалистичкиот период или во т.н „транзициски години“, но и феноменот на политичките партии како прибежиште и погодно тло за кариеристите и матните транзициски ликови за водење нечист бизнис“, вели Димоски.

Неговиот проект се состои од три елементи – репродукции од оригинален албум од свеченоста по повод отворањето на хотелот (1 септември 1979 година, кога практично била завршена летната сезона) на која присуствувал тогашниот политички естаблишмент, оригиналниот пропаганден леток од средината на 90-те години на минатиот век печатен со идеја за пропагирање на хотелско-угостителските удобности на објектот и градот Струга и конечно десеттина авторски црно-бели фотографии врамени во златни „барокни“ рамки кои во периодот на реалниот социјализам беа мошне популарни за врамување на гоблени и слични кич дребулии.

„Кундера пишува дека кичот е естетски идеал на сите политичари и на сите политички партии и движења. Кичот во ова дело е употребен да пренесе и една друга порака. Тоа е пораката на принципот на просечноста постигнат преку просечноста во општеството и луѓето. Просечноста е заеднички именител на најголемиот дел на масовно произведениот кич, вклучувајќи ја тука и политиката. Овде кичот може да се појави како општествена интеграција, но таквата општествена интеграција е пореметувачка во достигнувањето на поврзаноста во општествената заедница која би била втемелена на вкупноста на културниот и интелектуалниот развој. Или примерот на Абрахам Мол (во „Кич - уметност на среќата“) кој го препознава кичот како „уметност на среќата“ во сите видови на современата цивилизација, која ја следат идеолошка хегемонија, унифицирачки индустријализам и обезличен пазар“, објаснува Димоски.

Роден 1965 година во Струга, Сашо Димоски се занимава со фотографија и компјутерска графика. Дипломирал фотографија на Универзитетот ЕСРА, а работел во МРТВ и пишувал за културните рубрики на „Утрински весник“ и на магазинот „Глобус“. Тој долго време е соработник на првото електронско списание за култура во Македонија – „Блесок“, а од 2007 година работи како фотограф на археолошки истражувања. Во моментов е надворешен соработник – истражувач во Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство и ова му е прва самостојна изложба.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG