Достапни линкови

Можна директна авио линија меѓу САД и Иран


Иранскиот претседател Хасан Рохани им наредил на воздухопловните власти во земјата да ја разгледаат можноста за обновување на директните летови меѓу Иран и Соединетите Држави, за прв пат по повеќе од 3 декади. Според иранските медиуми, целат на ваквиот предлог на Рохаи била да им се олесни на иранските исселеници кои сакаат да ја посетат земјата. Во петокот Рохани, кој сака да ги нормализира односите со Западот, телефонски разговараше со американскиот претседател Барак Обама, што е прв директен контакт меѓу лидерите на двете земји од прекинот на дипломатските односи во 1979-та година.
XS
SM
MD
LG